Нова казна за инвеститорот кој гради зад скопска „Универзална сала“

Градилиштето кое пред две седмици наликуваше на базен, вчеравечер проголта дел од улицата „9-ти Мај“, но ниту казните, ниту забраните не се пречка за инвеститорот „Бинјапи инжинериг“ кој очигледно нема намера да го запре градежниот хаос зад Универзална.

Зградата се гради спротивно на добиеното одобрение, а веќе четири месеци сликата на терен е иста: градежната јама е незаштитена, соседните парцели се оштетени.

Градоначалникот Герасимовски два пати досега и лично го затвораше градилиштето, а фирмите од утрово се казнети со 12.500 евра.

Со оглед дека двете забрани за градење досега не дадоа резултати, бидејќи инвеститорот сам ги отстрани лентите и продолжи со градење, Герасимовски вели дека општината разгледува и поригорозни мерки, меѓу кои и одземање на дозволите за градба

„Уривањето на улицата „9-ти Мај“ и узурпацијата на јавниот простор е само последниот, од многуте примери негрижа за општината и грижа само за личните интереси на кадрите од СДСМ“, реагираше и опозицијата.

„Герасимовски мора да одговори дали неконтролираното издавање градежни дозволи и бетонизацијата на градското јадро од компании со забрана за градежни работи повторно ќе удри врз џебот на граѓаните“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.