Нова лага на СДСМ, направена пруга до Грција не ја пуштаат две години, а ветуваат нова кон Албанија

167
Изградена пруга кон Грција две години чека да биде тестирана и пуштена во употреба додека се ветува изградба на нова пруга кон Албанија. Ова ќе звучеше чудно, за некоја друга влада, но не и за владата на СДСМ која нема проблем да вети голем проект кој и самата знае дека нема да го исполни.
Пругата од Битола кон Грција во должина од 18 километри требаше да биде пуштена во употреба уште на крајот на 2018 година. Сепак, две години подоцна истата се уште не е тестирана и никој не знае која ќе биде ставена во функција, како што и никој не знае зошто е закочена целата работа.
Вработените во околните фирми од индустриската зона за медиумите велат дека повеќе од една година на пругата не се појавил никаков работник и истата зараснува со трева, додека Битолчани се уште го чекаат денот кога ќе се качат на воз кој ќе ги носи до Грција. Затоа звучи неверојатно дека се ветува изградба на нова пруга до Албанија од 64 километри која има доста работа и изградба на тунел, додека изградена пруга од 18 километри две години не ја пуштаат во употреба. Доколку се видат сите нивни ветувања во инфраструктурата, можеме да бидеме уверени дека овој проект ќе биде уште една лага која нема да се оствари.
СДСМ уште во програмата за 2016 година вети изградба на пруга кон Бугарија, проект кој сега толку се обидуваат да не го споменуваат. Но не само тоа, во програмата на СДСМ од 2016 можат да се сретнат и ветувања како изградба на пруга од Миладиновци до аеродромот во Петровец и до индустриската зона Бунарџик, но и изградба на брза пруга од Табановце до Гевгелија.
Покрај тоа ветувана беше реконструкција на постоечките пруги и електрификација.
Иако ништо од тоа не е реализирано, сепак не е проблем да се ветуваат нови проекти.
Понатаму за потсетување, изграден автопат од Скопје до Штип повеќе од година дена чекаше да биде пуштен во употреба, а автопатот Кичево – Охрид освен анекси ништо друго не виде, додека бројни проекти за патишта се стопирани, како што е во случајот на патот од Прилеп до Росоман.
Кога на сето тоа ќе се додаде дека дека реализацијата на капитални инвестиции 3 години е на многу ниско ниво, тогаш повеќе од јасно е дека ова ветување за пруга до Албанија е нова лага на владата на СДСМ кое нема да го види светлото на денот, барем не во нивниот мандат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.