Нова Љубљанска банка ќе наплаќа за користење банкомат

Словенечка банка Нова Љубљанска банка (НЛБ), во рамките на планот за реструктуирање и штедење, одлучи да ги наплаќа трошоците за користење на своите банкомати во „пасивните“ краеви, објавија словенечките медиуми.

Банката одлучила да затвори и стотина нерентабилни банкомати во кои прометот е многу мал.

Користење на банкоматот  жителите на селото Разкрижје кое се наоѓа на границата со хрватско Меѓумурје, според пресметките на банката ќе ги чини 5.000 евра годишно.

Парите мораат да ги уплатат до 7.мај или банкоматот ќе биде отстранет, па за готовина ќе мораат да патуваат по десетина километри, до најблискиот град, им се заканила банката.

Од Општината Разкрижје, која е една од најмалите и насиромашните во државата сметаат дека со ова се создава една апсурдна ситуација, која е навредлива за жителите на малите места.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.