Нова мутација на корнавирусот откриена на југот на Германија

Нова варијација на коронавирусот SARS-CoV-2 е идентификувана на југот на Германија, во текот на епидемија во клиниката во градот Гармиш-Партенкирхен, во сојузната покраина Баварија, пишува во понеделникот весникот Munchner Merkur.

Според податоците до кои дошле новинарите на весникот, во споменатата болничка установа биле заразени 73 лица, како вработени така и пациенти со други заболувања. Кај тројца од нив бил дијагностициран досега непознат сој на коронавирусот.

Примероците се испратени за натамошни истражувања во приватната берлинска клиника „Charite“. Експертите откриле дека навистина станува збор за сосема нова варијанта на вирусот, но тие сѐ уште не знаат кои се нејзините карактеристики кои ја разликуваат од основниот сој на вирусот.

Севкупно, според стручњаците во „Charite“, во светот се идентификувани повеќе од 12.000 мутации на коронавирусот. Експертите, пак, најмногу ги загрижува ткн „британски сој“, поради неговата висока инфективност, кој се проценува на меѓу 50 до 70 отсто поголема од првично познатиот вид на SARS-CoV-2.