Нова несреќа, малезиски авион со запален мотор се врати на аеродром

Авион на малезиската авиокомпанија „Малиндо Ер“ денеска мораше да се врати на аеродромот од каде полета, бидејќи се запали еден од моторите, објавија локалните медиуми.

Во соопштението на „Малиндо Ер“, авиопревозник основан само пред една година, се наведува дека авионот сепак безбедно слетал и во инцидент никој не е повреден.

Авионот полетал од аеродромот „Субанг“ во близина на Куала Лумпур и требал да слета во градот Теренгану, на источниот брег на Малезија.

Пред повеќе од две недели од радарите исчезна големиот боинг „Малезија ерлајнс“ со 239 патници и членови на екипаж.Малезиските официјални лица потврдија дека тој авион кој леташе за Пекинг, се срушил на југот на Индискиот океан, но напорите за пронаоѓање на било каков остаток на тој авион засега не вродија со плод.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.