
Земјотреси со интензитет од над 4 степени според Рихтеровата скала денеска беа регистрирани во Адјаман, Адана и Хатај, најпогодените области во Турција во разорните земјотреси од 6-ti февруари.
Земјотрес со интензитет од 4,4 степени е регистриран во 8 часот и 27 минути. Епицентарот на земјотресот бил во градот Челихан, а неговата длабочина била седум километри, информира Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).
Претходно, во 3 часот и 20 минути земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтер ја погоди Адана. Неговиот епицентар бил во градот Туфанбејли, а длабочината била седум километри.
И жителите на градот Антакија, во провинцијата Хатај, кој буквално беше срамнет со земја во земјотресите од 6 февруари, изутрината ги погоди нов земјотрес со интензитет од 4 степени. Земјотресот се случил во 6 часот и 3 минути, а неговата длабочина била 7,23 километри, информира АФАД.
Во меѓувреме, Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) соопшти дека вкупно 45.996 лица биле сместени во привремените кампови во областите погодени од земјотресот.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.