Нова победа на Леверкузен

Во првиот натпревар од 29-то коло на германската Бундеслига, Баер Леверкизен во петокот вечерта на гости со 1:0 го совлада Фрајбург.

Повторно стрелец за „Аптекарите“ беше 20-годишниот напаѓач Каи Хаверц, во 54 минута од мечот, кому ова му е петти погодок во четирите натпревари од продолжувањето на првенството, кое два месеца беше во прекин поради пандемијата на коронавирусот.

Баерн Леверкизен во последните четири кола постигна три победи и еден пораз, па привремено се проби на третото место на табелата со 56 бодови. Го следат РБ Лајпциг со бод и Борусија Менхенгладбах со три бода помалку, но и меч помалку. Во водство е Баерн Минхен со 64 бодови, седум повеќе од Борусија Дортмунд. Фрајбург остана на 38 бодови, со кои привремено е на осмото место.

Во сабота се играат дуелите Херта – Аугсбург, Мајнц – Хофенхајм, Шалке – Вердер, Волсфбург – Ајнтрахт Франкфурт, Баерн – Фортуна Диселдорф, а во недела играат Борусија – Менхенгалдбах – Унион Берлин и Падеборн – Борусија Дортминд. Колото во понеделник го затвора мечот Келн – РБ Лајпциг.