Нова победа на ПСЖ, Монако ја продолжи серијата

Радамел Фалкао, Монако

Во средбата од 27-то коло на француското фудбалско првенство Пари Сен Жермен на гостувањето го совлада Каен со 2:1, и сега има дури 20 бодови повеќе од второпласираниот Лил.

Домашните поведоа преки Касинмир Нинга во 56 минута, но само три минути подоцна Килиан Мбапе израмни од пенал, а во 87 минута со 24-от гол сезонава му ја донесе победата на ПСЖ.

ПСЖ со еден пораз сезонава дојде до 71 бод, а Лил на второто место има 51 бод, додека Лион има 46 бодови на третото место. Каен останува во опасната зона на 18-то место со 20 бодови, колку што има и 19-от Дижон, два повеќе од последниот Гинган.

Монако кој до пред неколку кола беше во зоната на испаѓање со 2:2 на гостувањето кај Анжер ја продолжи серијата без пораз. Екипата од Кнежевството во последните пет кола постигна три победи и двапати ремизираше, па со 26 бодови дојде до 16-то место со шест бодови повеќе од опасната зона. Анжер има 32 бода и е на 12-то место.

Стрелци за Анжер неа Тет во 23 и 45, а на спротивната погоди Фалкао во 48 и 82 минута од пенал.

Со резултат 2:2 ремизираа и Ремс и Амиен. Гостите на полувремето водеа со 2:0, а стрелци беа Конате во 40 и Абделхамид кој постигна автогол во 44 минута. Диа во 70 и Кафаро во 84 минута спасија бод за домашните. Ремс е петти со 42 бодови но и со меч повеќе од сите конкуренти за висок пласман, а Амиен е 17-ти со 25 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.