Нова рударска несреќа во Полска, лоцирани четворица од десет исчезнати рудари

Спасувачките тимови лоцирале во саботата четворица од десет рудари исчезнати во потрес во рудник за јаглен на југот на Полска, соопшти компанијата која управува со рудникот.

„Ги известивме семејствата дека лоциравме четворица работници“, изјави Марцин Голебјовски, директор на рудникот Зофиовка, каде што се случила несреќата, додавајќи дека сѐ уште „немаат никаков контакт со тие работници“.

Според соопштението на компанијата оператори JSW, откако ги лоцирале рударите, спасувачите морале да се повлечат бидејќи веќе немале „кислород во боците“. Извлекувањето на рударите ќе го продолжат други тимови, се додава во соопштението.

Во саботата рано утрото во 3,40 часот по локално време се случил потѕрес во рудникот Зофиовка на длабочина од 900 метри. Притоа протекло поголемо количество метан. По потресот десет рудари беа пријавени за исчезнати.

Ова е втора несреќа оваа седмица во рудник во Полска, каде што јагленот сочинува речиси 70 отсто од изворите на енергија.

Во средата во експлозија на метар во рудникот Пниовек, околу 6 километри оддалечен од Зофиовка, исто така во сопственост на JSW, загинаа пет лица. Потрагата по другите седум е офицјално прекината во петокот, бидејќи е оценета како „преопасна“ поради низата други експлозии на метан.

Во Полска последниве години беа забележани и друг рударски несреќи. Во минатата 2021 година полскиот рударски сектор вработувал речиси 80.000 луѓе.