Нова современа болница на местото на дотраените бараки на детската болница во Козле

На местото на старите дотраени бараки каде беше сместена детската болница во Козле до октомври ќе биде изградена новата, современа зграда на болницата

На местото на старите дотраени бараки каде беше сместена детската болница во Козле до октомври ќе биде изградена новата, современа зграда на болницата. Новата болница ќе биде целосно опремена здравствена установа со нов стандард на еднокреветни и двокреветни соби во кои ќе има целосна климатизација.

Медицинскиот персонал од утре ќе работи во други болници, а амбулантскиот дел ќе функционира во поликлиниката „Букурешт“, а дневната болница е преселена во болницата „8 Септември“.

Сите потешко болни деца ќе бидат упатувани  во клиниката за детски болести.

Бараките во кои досега беа лекувани болните деца биле изградени по земјотресот како донација од кралството Шведска, како времен објект за употреба од  10 до 15 години,  но во нив веќе 50 години се лекуваат деца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.