Нова стратегија на НАТО поради „руската нуклеарна закана“

Челниците на НАТО ќе донесат нова воена стратегија поради „нуклеарната закана“ од Русија, вели во интервјуот за германскиот весник Welt am Sonntag, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Седмицава нашите воени експерти донесоа одлука за импелментирање нова воена стратегија за Алијансата“, вели во разговорот генералниот секретар на НАТО.

Според Столтенберг, причината за ваквиот чекор е „нуклеарната закана“, којашто наводно за западните земји доаѓала од Русија. Покрај тоа, Алијанската се соочува и со нови предизвици и од истокот и од југот, вели нејзниниот челник.

„Станува збор за тоа и во однина да можеме да бидеме целосно подготвени за одбрана и осигурување на стабилноста. Ова делумно бара и нови воени концепти“, додава Столтенберг.

Последните месеци повеќе претставници на НАТО ја обвинуваат Русија дека развива планови за употреба на нуклеарното оружје. Во март трогашниот врховен командант на здружените сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти, рече дека превентивен ракетен напад би ѝ овоможил на Москва да постигне „бриз победи над послабите соседи“.

Истовремено, водечката сила во НАТО – САД не ја отфрла идејата за превентивен напад. Како што кажа на сослушувањето во Сенатот челникот на Здружениот комитет на началниците на генералштабови на америкнските Вооружените сили, генералот Џозеф Данфорд, ваквата политика ги оневозможува пријателот да се реши за напад врз Соединетите држави.

Од друга страна, руските челници повеќепати истакнуваа дека нуклеарното оружје е само средство за заштите. Претседателот Владимир Путин во едно од своите неодамнешни јавни настапи објаснуваше дека руската нуклеарна доктрина не предвидува превентивен напад, и оти Русија теоретски може да го примени нуклеарното оружје само како одговор. Појасни, исто така, дека таквата одлука може да се донесе доколку системите за предупредување од ракетен напад, не само што ќе утврдат ланисрање на проектили туку и поради тоа што тие ја одредуваат точната прогноза за траекториајта на летот и временот кога боевите глави би поднале на руска територија. Но напаѓачот мора да знае дека одмаздата е неизбежна, предупреди Путин.