Нова студија: Фајзер најдобро штити во растојание од 8 недели

Поголемо растојание меѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер ќе направи имунолошкиот систем да произведе повеќе антитела за борба против ковид-19, откриле британските научници.

Тие велат дека резултатите од истражувањето ја поттикнале власта во Велика Британија да го продолжи растојанието помеѓу првата и втората доза на 12 недели од првично зададените 3 недели.

Осум недели изгледа дека е најдобро временско растојание помеѓу двете дози во битката против делта сојот, додаваат тие, пренесува BBC.

Студијата е финансирана од државата, а објавена е во драфт верзија и сè уште не е рецензирана.

За потребите на студијата научниците го споредувале имунолошкиот одговор на 503 лица кои примиле две дози од вакцината во различен временски период од крајот на 2020 година до почетокот на 2021 година во моментот кога алфа сојот, односно британскиот сој засилено се ширел

Нивото на антитела во нивната крв се мереле еден месец по примената втора доза.

Ова се некои од заклучоците:

– И краткиот и долгиот интервал на дозирање на вакцината Фајзер генерирал силен имунолошки одговор во целина.

– Растојанието од три недели произвел помалку неутрализирачки антитела кои се лепат за вирусот и го спречуваат во заразувањето на клетките во однос на растојанието од 10 недели.

– Нивото на антителата паѓа по првата доза, но нивото на Т клетките -друг вид на имунолошки клетки – останува висок.

– Подолгото растојание помеѓу две вакцини доведува до помал број на Т клетки во целина, но до поголемо учество на одреден тип или подтип, наречен помошни Т клетки, кои според истражувачите ја засилуваат имунолошката меморија.

Професорката Сузана Дуанчи, главна истражувачка во студијата на Универзитетот Оксфорд, вели дека две дози се подобро од една, но дека времето до втората доза донекаде е флексибилно, во зависност од околностите.

За моменталната ситуација во Велика Британија таа вели:

– Осум недели е најдобра разлика бидејќи луѓето сега сакаат да се вакцинираат, а се шират многу делта соеви околу нас. За жал не гледам дека вирусот ќе исчезне, па против него можеме да се бориме со најдобрата заштита која ја имаме.

Лекарката Ребека Пејн, една од авторките на студијата од Универзитетот Њукастел, вели:

– Нашето истражување дава охрабрувачки докази дека и двата распореди на дозирање генерираат силен имунолошки одговор на Сарс-КоВ-2 по две дози. Сега мора да спроведеме повеќе дополнителни студии за да ја разбереме целото клиничко значење на нашите наоди.

Податоците од Англија покажуваат дека Фајзер значително го намалува нивото на сериозни болести, приеми во болница и смрт, дури и по една примена доза.

Министерот за вакцинација Надхим Захави вели:

– Наодите од најновата студија исклучително се значајни не само за Велика Британија туку и за целиот свет, помагаат подобро да ја разбереме механиката на нашиот имунолошки одговор на ковид-19 и важноста од добивање на двете дози.

– Додека се тркавме да понудиме вакцини на сите возрасни, го послушавме советот на Заедничкиот одбор за вакцинација и имунизација да го скратиме интервалот на дозирање од 12 на осум недели за да заштитиме поголем број луѓе против делта сојот. Ова најново истражување дава натамошни докази дека овој интервал резултира со силен имунолошки одговор и ја поддржува нашата одлука.