Нова тепачка на затвореници во „Идризово“

Затвореник од Кочани завршил во болница по тепачка со цимерот, утрово во Казнено поправната установа „Идризово“.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 1.30 часот. Тогаш  Е.А.(40) од Скопје, физички го нападнал  С.К.(34) од Кочани. При тоа му го скршил носот, а  со нож му го  расекол лицето.

По инцидентот С.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош бил вратен во затворот.