Нова терористичка група во Грција

Нова терористичка група наречена „Милициска организација Популарна правда“ ја презеде одговорноста за убиството на главниот управник на затворот Домокос во Стилида, Макис Галаманс на 21 февруари.

Како што јави МИА, соопштението на групата е објавено на Интернет страница со антидржавни содржини „Индимедиа“.

Полицискиот оддел за антитероризам во моментов го истражува соопштението во кое се вели дека убиството на управникот е „популарна правда“, а жртвата, меѓу другото, ја нарекува „непријател на луѓето и брутален мачител“.

Управникот на затворот, кој важи за еден со највисоко ниво на безбедност, беше убиен откако заминал од неговиот дом во близина на Ламија, централна Грција. Галаманис беше застрелан 20 пати во главата и градите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.