Нова тешка победа на Реал над фенерџија

Откако во минатото коло славеа неубедливо на гости кај последната Уеска, фудбалерите на Реал Мадрид победија во 16-то коло од Ла Лига на својот „Сантијаго Бернабеу“ минимално со 1:0 го победија претпоследниот клуб на табелата Рајо Ваљекано на македонскиот репрезетнативен голман Столе Димитриовски.

Реал со тешки маки дојде до трите бода, иако уште во 13 минута Карим Бензема ја погоди местата на Рајо. Остатокот од мечот мина во многу лоша игра во која Димитриевски на двапати ги доби дуелите очи в очи со Макро Асенсио. Рајо, освен еден посериозен удар на противничкиот гол до 91 минута ретко беше присутен пред голот на „Кралевите“, а тогаш домашните во еден напад двапати ја вадеа топката од гол линијата.

Реал сега е трет со 29 бодови, додека повратникот во Примера – Рајо Ваљекано, останува претпоследен со само 10 бодови.

Претходно Атлетико Мадрид со 3:2 на гости го совладаа Вајадолид. Гостите поведоа преку Никола Калиниќ во 26 минута, на асистенција на Антоан Гризман. Францускиот напаѓач по асистенцијата во 45 минута од пенал го удвои водството на „Јорганџиите“. Но Вајадолид преку Калер во 57 и со автоголот на Саул во 63 минута израмнија, но немаа сили да го стасаат новото водство на Атлетико за кое беше во 80 минута заслужен повторно Гризман.

Атлетико моментално е израмнет на врвот со Барселона со по 31 бод, но Каталонците имаат меч помалку, а Вајадолид е 12-ти со 20 бодови.

Во првиот дуел од саботната програма, Хетафе како домаќин го победи Реал Сосиедад со 1:0, со голот на Молина постигнат уште во третата минута, па моментално е петти со 24 бодови, колку што има и шестиот Алавес, кој како и седмиот Леванте со 22 бодови имаат меч помалку. Реал Сосиедад, пак, е 13-ти со 19 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.