Нова титула за Лина Ѓорческа во Анталија

19

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја оправда фаворитската улога на турнирот во Анталија, и ја освои титулата на турнирот на кој учествуваше неделава.

Ѓорческа беше прва носителка на овој турнир со награден фонд од 15.000 долари, кој се играше на тврда подлога. Во финалето, македонската тенисерка беше подобра од Она Орпана од Финска, со 6:4, 6:7, 6:1.

Лина можеше ова финале да го заврши и порано, но во вториот сет при 5:4 и 40:30, испушти меч-топка. Сепак, иако во тај-брејк го загуби вториот сет, Ѓорческа во третиот сет беше доминантна, поведе со 5:0 и ги реши сите дилеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.