Нова вонредна состојба за нов изборен датум!?

Избори на 5-ти јули стануваат се помалку веројатни. Бројот на новозаболени од коронавирусот кој што секојдневно расте ги стави на пауза разговорите околу датумот за избори, но и секојдневните изјави од членовите на СДСМ дека избори на почетокот на јули се неопходни. Ваквата состојба ја отвори и можност Владата повторно да побара прогласување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски. Нова вонредна состојба автоматски би значело дека првиот рок за одржување на изборите би се одложил најрано за крајот на јули или август.

Вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи вели до петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба

„Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнмтни. Првиот принцип е дека здрвајето на граѓаните е пред кој било друг општествен процес и второ дека консензусот е важен за одржување на избори. Ги следиме на дневна основа епидемиолошките текови. Мој став е дека треба да чекаме до петок кога завршува вонредната состојба за да направиме пресек на трендовите, да го видиме мислењето на Комисијата и врз ознова на тоа да ја доенсеме одлуката за вонредната состојба. Вонредната состојба ќе влијае директно на изборите. Така што ќе почекаме до петок каков ќе биде ставот на Владата за вонредната состоја, рече Османи.

Согласно одлуката на претседателот Стево Пендаровски постојната вонредна состојба во времетраење од 14 дена, истекува на 14 јуни. Османи изнесе и иницијатива за нова лидерска средба во Вила Водно. Од ВМРО ДПМНЕ велат засега до нив не стигнала покана за средба на лидерите кај шефот на државата и се уште остануваат на ставот дека кризата со коронавирусот мора да остане во приоритет, а потоа да се зборува за избори.

„Евидентно е дека СДСМ нема контрола, нема систем за застанување на патот на оваа пандемија и тоа е повеќе од очигледно и тоа е на голема жалост за сите нас. Во однос на идната средба доколку има иницијатива сметам дека ние благовремено ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме во однос на тоа прашање“, вели Иванка Василевска, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Заев денеска објави видео на Фејсбук во кое даваше насоки како правилно да се заштитат граѓаните од вирусот, но избори на петти јули не споменува. Од неговата партија велат остануваат на ставот дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се оди на гласање. Но, доколку владата се одлучи за уште едно продолжување на вонредната значи дека датумот за избори кој што СДСМ го „забетонираа“ за петти јули ќе мора да биде променет.