Нова жртва од разорниот потрес во Албанија, девoјка им подлегна на повредите во болница

Албанските медиумо во саботата пренесуваат дека бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата во вторникот утрото се зголемил на 51, откако  20-годишна девојка, која неколку дена била во кома, им подлегна на повредите.

Џесика Бисчику требаше да биде пренесена на лекување во Италија, но поради тешката здравствена состојба, таа не можеше да патува и овој план не беше реализиран. Како што пренесе „Топ чанел“, таа имала доживеано силен удар во главата за време на земјотресот од 6,4 степени по Рихтер.

Освен Џесика, нејзината Мајка Розета и сестра ѝ се повредени, додека татко ѝ се наоѓа во добра здравствена состојба.