Новак Ѓоковиќ остана без тренер

Поранешниот светски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ остана без уште еден член од стручниот штаб, откако денес објави дека ја раскина соработката со тренерот Радек Штепанек.

Оваа одлука на Ѓоковиќ следи по само неколку дена откако беше обелоденото дека и Андре Агаси нема повеќе да го советува.

Андре Агаси и Радек Штепанек

Приватните односи со Радек биле и ќе останат извонредни, а Новак уживал да работи и да учи од него, соопштија од тимот на Србинот.

-Ѓоковиќ е исклучително благодарен за подршката која ја добиваше од Радек во изминатиов период. Во овој момент Ѓоковиќ е фокусиран само на напредокот на неговата игра. Тој има желба да се врати посилен по долгата пауза поради повреда. Сите знаме колку таа влијаеше на неговата самодоверба и на самата игра, и затоа сега Ноле е пред многу важен и тежок период. Во исто време, Новак константно и страствено бара нови начини да ја врати победничката форма- пишува во соопштението на стручниот тим на Новак Ѓоковиќ.

Соработката на Новак и Штепанек траеше многу кратко, односно само пет месеци, а Ѓоковиќ на претстојнот Мастерс во Монте Карло најверојатно ќе настапи без тренер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.