Новак и Јелена на концерт на омилениот пејач го славеа денот на љубовта кој направи нешто посебно

Новак и Јелена Ѓоковиќ максимално уживаат во одморот на најдобриот тенисер на планетата, а брачната двојка реши да оди на концертот на Жељко Самарџиќ во Нови Сад, за Денот на вљубените.

Брачниот пар Ѓоковиќ одлучи да го помине денот со песните на еден од нивните омилени пејачи.

Имено, Жељко Самарџиќ одржа концерт на кој Новак и Јелена цело време пееја, се прегрнуваа и со насмевка на лицето уживаа во секоја песна.

Популарниот пејач во еден момент направи нешто посебно, Пред огромната публика тој реши да ја поздрави познатата брачна двојка, која доби громогласен аплауз.