Новак и Јелена – Прва годишница од бракот (видео)

Пред точно една година српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се ожени со неговата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, со која денес го има синот Стефан.

Новак за свадбата исбра класично одело, додека Јелена блескаше во бела венчаница со корсет и со вел на главата. По 20-тина минути младенците го исгзоворија судбоносното „Да“. Потоа Јелена се потпиша со новото презиме – Ѓоковиќ. Веднаш по бакнежот, Јелена го фрли бидермаерот, кој беше фатен од една девојка која што не и е позната на јавноста.

На свадбата присуствуваа голем број познати гости меѓу кои Ненад Зимонјиќ со сопругата, Борис Бекер, Троицки со девојката, Марјан Вајда…

Веселбата се одржа на 9-ти и 10-ти јули во Свети Стефан, а младенците и нивните гости ги забавуваа познати музички имиња, меѓу кои Мирослав Илиќ, ѕвездите на „Гранд“, џез пејачката Лена Ковачевиќ, како и Жељко Самарџиќ.

Свадбата беше традиционална со домашни специјалитети: пршута, сирење, маслинки, чорба, јагнешко, рижото и риба…

Во октомври минатата година, Јелена го роди синот Стефан, нивното прво дете. Малиот Стефан патува заедно со родителите и го бодри својот татко на турнирите.

Малиот Стефан сега е во Лондон, каде Новак од 14 часот ќе го игра полифиналниот меч против Ришар Гаске.