Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од февруари нема да има проблеми за влез во Велика Британија, каде владата усвои нов сет на правила поврзани со патувањата. Строгите правила за влез во земјава сега се драстично либерализирани.

Од 11 февруари па натаму, невакцинираните ќе можат да влезат во Британија, што практично значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да дојде во Лондон и да игра на Вимблдон, кој е на програмата од 27 јуни. Ова во британскиот парламент го соопшти Грант Шарпс, државен секретар за транспорт.

-Ќе ги прекинеме сите тестирања за корон авирусот на целосно вакцинирани лица кои пристигнуваат во Англија од 11 февруари наваму. Оние кои ќе пристигнат во Англија, но не се целосно вакцинирани, ќе треба да направат тест пред поаѓање и ПЦР тест два дена по пристигнувањето во Англија. Сите патници сепак ќе мора да ги пополнат потребните формулари, се вели во соопштението на Шарпс.

Тој ја искористи можноста и да ја нагласи важноста на мерките кои Владата ги презеде во претходниот период за да се овозможи либерализацијата од наредниот месец.

-Фактот што ги донесовме вистинските одлуки во вистинско време во однос на вакцините и бустерите сега значи дека ќе бидеме еден од најотворените сектори за патување во Европа“, се пофали тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.