Новак Ѓоковиќ експресно до титулата во Токио

Повредата на рамото е минато за Новак Ѓоковиќ кој стигна до својата 76. АТП титула во кариерата откако го освои турнирот во Јапонија.

Србинот без никакви проблеми го доби австралискиот тенисер Џон Милман со 2:0 по сетови (6:3, 6:2) и со тоа го заокружи доминантниот настап во Токио.

Ова е вкупно 11. титула на азиските турнеи за Новак Ѓоковиќ, а интересно е тоа што на овој континент популарниот Ноле нема загубено ниту едно финале.

По освојувањето натитулата, Ѓоковиќ ќе остане на врвот на АТП Листата каде се наоѓа веќе 272 недели.