Новата челничка на CDU ќе ја преиспита либералната мигрантска политија на Меркел

Новата челничка на Христијанско-демократската унија (CDU), Анегрет Крамп-Каренбауер го зацрта во неделата планот за промена на партиската миграциска политика преди европските избори во мај следната година, навестувајќи дека можеби ќе го прекине либералниот простап на нејзиниот политички ментор, германската канцеларка Ангела Меркел.

Владејачката конзервативна партија во петокот ја избра Анегрет Крамп-Каренбауер да ја замени Ангела Меркел на чело на CDU, со што ја направи водечки кандидат или ткн „шпиценкандидат“ следна канцеларка на Германија, најголемата европска економија.

Сепак, тесната победа над конзервативецот Фридрих Мерз ги покажа побделбите во најголемата германска партија коишто Крамп-Каренбауер мора да настојува да ги надвладее пред гласањето за Европскиот парламент и изборите за четирите сојуни германски земји следната 2019 година. А една од најголемите поделби е токму околу мигрантската политика.

„Сакам да свикам ’работна дебата’ за миграцијата и безбедноста со експерти и критичарите на мигрантските и бегалските политики, за да се работи на конкретни подобрувања… Нашата програма за европските избори ќе се темели на тие резултати“, вели Крамп-Каренбауер во разговорот за неделникот Bild am Sonntag.

Пристапот на Меркел на отворени гранции во 2015 година ја урна нејзината популарнсот и доведе до губење на регионалните избори, што придонесе и под внатрепартискиот притисок во октомври конечно да се откаже од должноста партиски челник. Сепак, има намера да продолжи да ја извршува канцеларската должност до следните сојузни избори во 2021 година.

Гласајќи за Крамп-Каренбауер, во CDU се одлучија за континуите, но новата челничка за германската јавна телевизија рече дека тоа не исклучува некои промени. „Стоите на рамењата од својот претходник. Она што е добро се продолжува, а онаму каде што има простор да се променат работите, ние ќе направиме промени“, рече за телевизијата ARD.

Иако Крамп-Каренбауер беше помалку критична кон мигрантската политика на Меркел отколку нејзините ривали во трката за местото партиски челник, таа сепак, зборува дека мигрантите мора да учат добро да зборуваат германски јазик, а дека оние со криминално досие не може да останат во земјата. Истакна дека CDU не смее предолго да размислува за ова прашање коешто му нанесува штети.

Една од нејзините главни задачи на изборите во трите источни сојузни земји, ќе биде да го врати гласачите кои се свертија кон евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), којашто за само неколку години од основањето стана трретата политичка сила во земјата, која профитираше од стравовите од масовната имиграција. Влегувајќи во парламентите на сите 16 сојузни земји и со популарност од 14 отсто, AfD е главна опозиција во сојузниот парламент на големата коалиција коајшто ја сочинуваат CDU, нејзината сестринска баварска Христијанско-социјална унија (CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Истражувањето на јавното мнение на институтот Emnid покажува дека популарноста на конзервативниот блок е 29 отсто, што е за 1 процентен поен повеќе отколку пред една седмица, но пониско од 32,9 отсто на минатогодишните парламентарни избори, што уште тогаш беше нивниот најголем пад од 1949 година. Социјалдемократите продолжиле со падот до 15 отсто, од 20,5 отсто на изборите, што е ново историско најниско ниво за најстарата герамнска партија.

Поранешниот канцелар од SPD, Герхард Шредер, за весникот Handelsblatt, коментираше дека CDU направил погрешен избор. „Мерз даваше шанси дека двете главни партии ќе се оддалечат една од друга, со што фракциите на левицата и десницата би ослебиле. Тоа не е важно само за CDU и SPD, туку за цела Германија“, смета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.