Почнува изградбата на новата фонтана на плоштадот „Македонија“

111

Новата фонтана  на плоштадот „Македонија“ меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и  Камениот мост, денеска почнува да се гради. 

Според предвидениот проект, таа ќе  биде со правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

На плочите од фонтаната ќе бидат поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ќе ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки. Визуелниот ефект на фонтаната ќе се постигне со игра на млазевите, а навечер и со игра на светлата. Водата што прска од млазниците ќе понира меѓу плочите и ќе се враќа во системот.

Од градот Скопје, најавија и реконструкцијата на партерот на градскиот плоштад.

Проектот за изградба на површинската фонтана и за реконструкција на партерот на плоштадот „Македонија“ е на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп, а градежните работи ќе ги извршва компанија „Трансмет“ од Скопје.

Според досегашните информации, изградбата на фонтанатаќе чини околу 150 милиони денари, од кои Градот Скопје ќе обезбеди една третина од средствата, а Владата на Република Македонија – две третини од парите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.