Новата година започна со хуманост и добрина: Извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива.

Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање.

– Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

– Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот.

Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.