Новата идеа на Тохир, Гуарин за Чичарито

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир и понатаму е во потрага по клуб кој е подготвен да одвои сериозна парична сума за проблематичниот колумбиски интернационалец, Фреди Гуарин.

Крилниот напаѓач требаше да биде дел од сензационалната размена на фудбалери помеѓу големите ривали од италијанската Серија А, Интер и Јувентус, но Тохир во последен момент го одби предлогот на “старата дама”, Гуарин да се пресели во Торино, а во обратната насока да се упати црногорскиот интернационалец, Мирко Вучиниќ.

Италијанските медиуми сега се убедени дека сопственикот на Интер преговара со челниците на Манчестер Јунајтед на кои веќе им ги има понудено услугите на Гуарин, но за возврат ги сака тие на мексиканскиот интернационалец, Хавиер Ернандез Чичарито.