Новата касарна на Швајцарската гарда, која историски го штити поглаварот на Римокатоличката црква, ќе биде дизајнирана за сместстување и на стражарки, иако служењето на жени во овој елитен шарено униформиран корпус сѐ уште не дозволено, објавуваат во неделата швајцарските медиуми.
Речиси сите припадници на гардата се неожениети мажи кои живеат во заедничка касарна во внатрешноста на ватиканските ѕидини. Командантите и оженетите припаднции живеат во засебни станови. Сите припадници на гардата се швајцарски државјани, но се од различни националности.
Проектот за новата касарна чини 54,49 милиони американски долари и би требало да биде завршен до 2026 година, и во неговите рамки ќе бидат овозможени еднокреветни соби со приватни бањи, објавува швајцарскиот весник SonntagsZeitung.
„Од почетокот ни беше важно новата зграда да обезбеди простор за гардистки“, го цитира веснитк Жан-Пјер Рот, кој ја води фондацијата за надзор на проектот.
Инаку, за воведување на регрутки во службата на Швајцарската гарда, неопходно е одобрување од папата.
Челниците на Фондацијата на папската швајцарска гарда, којашто ја финасира гардата, изјавиле дека тоа би помогнало во потрагата по регрути за корпусот кој брои 135 стражари, кои треба да се ангажираат 30 до 35 годишно, за бројката да остане стабилна.
„Штом ќе бидат дозволени гардистки, ќе го зоглемиме потенцијалот за вработувања на гардата“, изјавила претседателката на фонцадијата, Рут Метцлер-Арнолд, додава весникот.