Новата сезона во Серија А започнува на 19-ти септември

ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Новата серија во италијанската Серија А ќе започне на 19-ти септември, една седмица подоцна како што беше планирано, објави италијанската лига во понеделникот.

Оваа одлука, додава, лигата, „го потврдува она што повеќето клубови веќе го изразија на состанокот посветен на оваа тема“.

Сезоната 2019/2020 заврши во неделата откако беше прекината три месеца поради пандемијата на коронавирусот.

Италијанските клубови ќе имаат и покуса божикна пауза од вообичаената и натпреварите ќе се играат и на 3-ти и на 6-ти јануари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.