Новата словачка влада ја доби довербата од парламентот

Новата влада на Словачка предводена од конзервативецот Игор Матович ја доби во четвртокот довербата на парламентот, откако за нејзината програма гласаа 93 пратеници.

На гласањето во Братислава, 48 парламентарци се изјаснија против владата на Матович.

„Планираме Словачка да ја направиме земја во којашто добро ќе живеат сите грашани, а не само привилегираните“, изјави 46-годишниот деловен човек кој успеа да стане премиер.

Протестната партија на Игор Матович наречена Olanо (Обични луѓе) изнадувачки освои 25 отсто од гласовите на изборите кон крајот на февруари.

Неговата влада е коалиција на четири партии: десничарската Ние сме семејство, неолибералната Слобода и солидарност и конзервативната партија За народ. Како приоритетни ги истакна одговорното управување со јавните финансии, борбата против корупцијата и јакнењето на прептриемачката клима.

Матович на власта го замени социјалдемократот Петер Пелегрини кој беше изложен на голем притисок на јавноста по убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата вереница во февраруари 2018 година. Кучијак истражуваше коруптивни врски меѓу политичарите и деловни луѓе со злосторнички организации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.