Новата ѕвезда на Јувентус на одмор во Охрид

Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски одлучи дел од летниот одмор пред почетокот на новата сезона и подготовките за неа да го помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

Кулушевски минатата сезона ја помина во Парма а Јувентус го купи за 40 милиони евра.