Новата влада ќе ја „оправа“ економијата со зголемување на даноците

165

Новата влада предводена од СДСМ подготвува зголемување на даноци, доколку се има предвид предизборната програма на социјалдемократите од којшто произлегува дека се предвидува поништување на рамниот данок и негово зголемување, пишува Курир.мк, но истворемено посочува дека според економските аналитичари, сега не е време за промена, и во случај на промена на даночниот систем некои ќе загубат, но никој нема да биде на добивка, бидејќи зголемувањето на фискалните добивки ќе биде минимално.

Зголемување на даноците е сериозна операција со која ќе осиромашат граѓаните преку зголемување на собирањата на пари од граѓаните и стопанството. Изјавата на даночниот советник Павле Гацов ја открива јасната намера на новата влада за тоа што планира, се наведува во текстот. Гацов, имено, препорачува менување на даночната политика оти досегашната не дала многу резултати. Гацов вели дека ткн рамениот данок е главна пречка зошто тешко се полни државната каса.

„Треба да претстои мини даночна реформа. Посериозен зафат кој ќе генерира поинаков режим на прибирање на даноците, затоа што испадна дека ние со рамниот данок го зацементиравме приходите“, рече Гацов за Алсат.

Додаде дека според последните анализи земјава прибира многу мал процент од предвидените даноци, што од друга страна значи и помалку пари во државната каса.

„Факт е дека Македонија собира премалку даноци. Да се споредиме со главниот индикатор процент на даночни приходи или буџетски приходи во БДП, ние едвај една третина или нешто над тоа собираме, а Словенија над 50 отсто. Што значи дека нашиот даночен товар е премал за да издржи ваков голем Буџет“, додаде Гацов.

Дека ќе се удира по џебот на граѓаните и СДСМ има намера да ги зголеми даноците покажува и фактот што министерот за финасии Драган Тевдовски ја известил Светската банка дека планираат постепено зголемување на даноците, воведување прогресивна наместо рамна стапка, а пак собраните пари ќе ги вложел наводно во давање парична помош на сите невработени, како ивработени со мали приманја.

Според аналитичарите, тоа ќе отвори простор за корумпирање на гласачи. Од друга страна, зголемувањето на даноци ќе биде сигурен показател дека ќе направи голема штета на недоаѓање на нови инвеститори и отворање нови работни места, како и бркање на постојните инвеститори.

Исто така, информациите велат дека ќе ги зголемуваат и придонесите за пензиско и здравствено осигурување, што ќе е додатно оптеретување на приватниот сектор, намалување на конкурентноста на фирмите и одвраќање од инвестирање.

Стопанствениците во страв, аналитичарите порачуваат дека не е време за промена во даночниот систем

Во земји во развој најважно е даночниот систем да биде едноставен и граѓаните да можат сами да го пресметаат. Рамниот данок носеше доволно приходи во Буџетот за да може нормално да функционира.

„Самиот факт што цели десет години функционираше рамниот данок,значи дека можеше да продолжи и натаму. Цврсто сум убеден дека не е времена измена на даночниот систем,односно негово усложнување за воведување на повисоки даночни стапки-даноци.за одредени даночни обврзници се соцел да се земе од побогатите Не се согласувам не се тие побогати,затоа што меѓу доход и богатство има голема разлика,сметам дека ке доведе до зголемување на даночна евазија“, смета поранешниот министер за финансии и универзитетски професор Трајко Славевски.

Според Славевски сега не е време за промена. Меѓу доходот и богатството има разлика. Поголем месечен доход не значи автоматски дека некој е богат. Тој изјави дека со зголемување на персоналниот данок ќе се зголеми даночната евазија. Тоа ќе ги зголеми трошоците за работа на домашните компании. Ова ќе доведе и до зголемување на иселувањето на младите креативни и успешни луѓе кои благодарение на своите квалитети и знаења имаат поголеми доходи.

„Доколку сакаме во земјата да ги задржиме продуктивните креативните луѓе коишто секако пазарот ги наградува, повеќе од нас просечните, а сакаме да ги оданочуваме повеќе од останатите, исто така, доколку на домашните компании и на странските им ги зголемиме трошоците на работење, во тој случај мислам дека не одиме во правилна насока“, рече Славевски.

Според него, реформата во даночниот систем и воведувањето на рамниот данок доведе до редовно плаќање на даноците, а во тоа се се согласи и професорот Ванчо Узунов.

„Се согласувам со Славески за каректеристиките и очекувања од даночниот систем кои ги наброи Славевски, но треба да има прагови кога ќе треба се плаќа. Рамниот данок донесе даночна дисциплина и намалување на даночната евазија и можеби тоа е најголемата позитивна придобивка, што е факт“, рече Узунов.

Фатмир Битиќи укажа дека во моментов има колебање кај стопанствениците во однос на новите даночни измени. Новите даночни измени создаваат страв поради нетранспарентноста на истите која можеби е и намерна. Стопанствениците се во страв и поради најавите за зголемување на корпоративниот данок кој го најави еден од главните советници на министерот за економија. Тој ќе доведе и до зголемувањето на трошоците за работа на домашните компании.

Професорот Славевски изјави дека во случај на промена на даночниот систем некој ќе изгуби, а никој не добива бидејќи зголемувањето на фискалните добивки ќе биде минимално

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.