Новата влада на 15-ти јуни!?

97

Новиот владин кабинет на премиерот Зоран Заев најверојатно ќе биде изгласан во деновите околу 15-ти јули. Имајќи ја предвид агендата на премиерот и информациите дека се очекува до 10-ти јуни да се заокружат преговорите со коалициските партнери, а потоа и со кадрите кои се во игра за функција овој датум е најверојатен за избор на новата влада.

Вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска очекува во следните десет дена за се договорат сите детали меѓу владините коалициски партнери.

„Очекуваме во првите 10 дена од јуни да бидат завршени коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што ни треба Влада што ќе има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања“, вели Шекеринска.

Заев со информацијата дека менува од четворица до шестмина  министри најави дека нема да се прави владина реконструкција, туку ќе побара мандат за нова влада. Очекувањата се дека промените во владината структура ќе бидат пред се’ во економските ресори. Промените, како што се шпекулира, ќе почнат со нови кадри во финансии, транспорт и врски, економија.

На списокот на Заев за смена, според неофицијални информации, се наоѓаат и имињата на повеќе од 20 директори на државни институции и јавни претпријатија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.