Новата влада на Нов Зеланд положи заклетва

Новата десноцентристичка влада на Нов Зеланд денеска положи заклетва, а Парламентот се очекува да се состане следната недела за да започне со работа на новите политички приоритети, вклучително и укинување на забраната за преработка на нафта и гас.

Лидерот на Националната партија на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон и министрите од неговиот кабинет положија заклетва во владиниот дом пред генералниот гувернер Синди Киро, кој го претставува шефот на државата – британскиот крал Чарлс Трети.

Централно-десничарската Национална партија во петокот влезе во коалиција со конзервативната партија ACT Нов Зеланд и популистичката партија „Нов Зеланд пред сè“ , овозможувајќи им на трите партии да формираат кабинет, со што се стави крај на шестгодишните левичарски влади во Нов Зеланд.

– Имаме тим, имаме идеи и имаме јасна политичка програма за следните три години“, изјави новиот премиер Лaксон за ТВН Зет.

Тој рече и дека утре ќе го одржи првиот состанок на неговиот кабинет и ќе има за цел брзо да го финализира својот 100-дневен план. Луксон додаде дека планира и посета на Австралија пред Божиќ.

Новиот премиер, исто така денеска најави дека конзервативната влада на Нов Зеланд ќе ги отфрли водечките светски мерки за спречување на пушењето во потег опишан од здравствените активисти како „голема победа за тутунската индустрија“.

Презентирана во времето на поранешната премиерка Џасинда Ардерн, таканаречената „генерациска забрана за пушење“ имаше за цел да ја забрани продажбата на цигари за сите родени по 2008 година.

Пофалени од експерти за јавно здравје и застапниците против пушењето, неодамна во Обединетото Кралство беше објавен пакет речиси идентични мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.