Новата Влада на Вучиќ ќе биде формирана до мај

Новата српска Влада ќе биде формирана до први мај оваа година, изјавил лидерот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, цитиран од белградското радио „Б-92“. Српската напредна партија убедливо победи на предвремените парламентарни избори одржани вчера и располага со апсолутно мнозинство во Собранието.

Во српскиот Парламент ќе бидат претставени уште Социјалистичката партија на досегашниот премиер Ивица Дачиќ, Демократската партија на Драган Ѓилас, Новата демократска партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ и три малцински листи на етнички групи кои живеат на територијата на Србија.