Новата влада во Авганистан не нуди оптимизам, оцени Маас

Германскиот министер за надворешни работи, Хаико Маас, изрази во средата загриженост од составот на привремената владат којашто ја именуваа ден порано талибаните во Авганистан.

Владата во Кабул ја сочинуваат водачите на исламистичкото радикално движење и ветерани од дводецениската герилска војна која минатата година заврши со победа на талибаните во Авганистан.

Западните земји им порачаа на талибаните дека треба да формираат „инклузивна влада“ којашто ќе ги исполнува ветувањата за помирлив пристап, која ќе ги поддржува човековите права, доколку сакаат мир и напредок.

„Најавата за преодната влада без учество на други групи и вчерашното насилство над демонстрантите и новинарите во Кабул, не влеваат оптимизам“, изјави шефот на германската дипломатија Хеико Маас пред средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Маас додаде дека сака да ги продолжи преговорите со талибаните за да се обезбеди што поголем број Авганистанци кои се чувствуваат загорзени да успеат да ја напуштат земјата.

„Доколку новата влада не може да ги води државните работи, по политичкиот се заканува економски колапс со уште подрастични хуманитарни последици“, предупреди Маас.

Пред средбата со Блинкен во американската воена база Рамштајн во Германија, Маас ја истакна потребата од блиска комуникација и додаде дека ќе разговара како да се комуницира со талибаните и како да се евакуираат што повеќе луѓе од Авганистан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.