Нови 105 ковид случаи, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 735 тестови, а регистрирани се 105 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 78, Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.

Има 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534, а на активни случаи изнесува 491.