Нови 108 случаи на коронавирус, починаа три лица

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 976 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на КОВИД-19. Во: Скопје – 83, Прилеп – 5, Штип – 4, Битола, Тетово, Кавадарци, Кичево и Кратово – по 2, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), има 30 реинфекции.

Оздравеле 135 пациенти, од: Скопје – 90, Прилеп – 7, Охрид – 6, Битола – 5, Тетово – 4, Штип, Кавадарци, Кратово и Куманово – по 3, Кичево, Гевгелија, Неготино и Велес – по 2, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (30.09 – 02.10.2022) пријавени се 3 починати лица. Две од Охрид (81г и 89г) и едно починато лице од Кратово (72г), сите во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирање на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.069, на оздравени пациенти е 333.067, на починати е 9.537, а на активни случаи изнесува 465.