Нови 12 станови за децата без родители

Седум станови во Струмица, четири во Гевгелија и еден во Радовиш ќе им бидат доделени за децата без родители.

Со средства од Владата, комплетно се опремуваат становите кои ќе бидат доделени на децата без родители во Струмица, Гевгелија и Радовиш, информира раководителот на подрачната единица на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од Струмица Александар Маџаров.

„Досегашната пракса покажа дека поради слабата финансиска состојба, дел од доделените станови на деца без родители остануваа подолго време невселени. Токму затоа со помош на Владата сега вршиме комплетно опремување на становите со неопходен мебел и бела техника со цел создавање на основните услови за живот“, рече Маџаров.

Конкурсот за решавање на станбеното прашање е во тек и со него ќе бидат доделени 12 опремени станови.