Нови 148 случаи на Ковид-19, од кои во Скопје се 93

Во последните 24 часа од направени 1.261 тестови регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19. Во: Скопје – 93, Битола – 11, Куманово – 9, Прилеп – 6, Кавадарци и Кочани – по 5, Тетово – 4, Кичево – 3, Велес и Неготино – по 2, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка, Пробиштип и Богданци – по 1. Од вкупниот број на позитивни (148), регистрирани се 40 реинфекции. Според податоците на Мој термин, едно лице од Скопје на 84 годишна возраст почина во болница пред два дена.

Регистрирани сe 45 оздравени пациенти од: Скопје – 35, Куманово, Битола и Кавадарци – по 2, Прилеп, Кочани, Тетово и Гостивар – по 1, соопшти Институтот за јавно здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а на активни случаи изнесува 750.