Нови 150 сантиметри снег: Не престанува снежната бура во делови од Европа

Продолжува снежниот хаос во делови од Европа. Судејќи според новите метеоролошки податоци ниту во следните денови состојбата нема да биде подобра.

Порталот „severe weather Europe“ јавува дека на Алпите пристигнува нова снежна бура која што ќе трае 48 часа. Се очекува дека на места  ќе паднат нови 150 сантиметри снег. Најкритично се очекува да биде во Швајцарија и во Австрија.

Австриската државна телевизија „ОРФ“, пренесува дека состојбата во веќе погодените подрачја Тирол и делови оа Залцбург, е критична и таму во сила е највисок степен на опасност од лавини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.