Нови 17 жртви на коронавирусот, три на возраст меѓу 30 и 40 години, потврдени уште 554 коронаинфекции

Во последните 24 часа во Македонија со направени 4.072 тестирања, регистрирани се 554 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период од последици од компликациите предизвикани од болеста Covid-19 починале уште 17 лица, пренесува во вторникот Министерството за здравство.

Со последните податоци, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата во март минатата 2020 година, досега со направени вкупно 1.258.133 тестирањеа  коронавирусната болест Covid-19 е потврдена кај 187.622  лица, од кои оздравени се 168.700 пациенти, а 6.489 лица починале. Бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Најголем дел од новозаразените се во Скопје – 309, а следат Куманово – 44, Прилеп и Велес – по 20, Тетово, Битола и Кавадарци – по 17, Кочани – 16, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија и Ресен – по 6, Струмица и Штип – по 5, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4, Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3, Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 81431, Активни 5701
Куманово 11075, Активни 905
Тетово 10764, Активни 985
Прилеп 8929, Активни 275
Гостивар 7925, Активни 509
Битола 6958, Активни 246
Велес 6057, Активни 284
Охрид 5827, Активни 545
Кавадарци 5761, Активни 203
Струмица 5618, Активни 462
Штип 5567, Активни 225
Кичево 3888, Активни 427
Струга 3758, Активни 536
Кочани 3150, Активни 135
Гевгелија 2361, Активни 73
Неготино 2299, Активни 43
Свети Николе 1828, Активни 104
Ресен 1514, Активни 102
Радовиш 1481, Активни 106
Дебар 1444, Активни 127
Крива Паланка 1359, Активни 58
Берово 1195, Активни 33
Делчево 1110, Активни 66
Виница 1009, Активни 45
Пробиштип 897, Активни 42
Валандово 788, Активни 29
Богданци 544, Активни 20
Кратово 531, Активни 49
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 462, Активни 32
Демир Хисар 426, Активни 16
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 293, Активни 21
Дојран 139, Активни 2, информира од МЗ.