Нови 231 жртви на коронавирусот во Франција, вкупно 1.331

Бројот на починатите во Франција од Ковид-19 порасна за 231 нов случај во последните 24 часа, притоа 2.827 лица се наоѓаат на интензивна нега, јави дописникот на МИА.

Во Франција во моментов има 25. 233 случаи на заразени со коронавирусот, потврдени со тестови, од нив 11. 539 лица се на болничко лекување, а од почетокот на епидемијата излечени се 3.900 лица.

На редовниот вечерен брифинг за ситуацијата во Франција, генералниот директор за здравство Жером Саломон, соопшти дека во болница од Ковид-19 починале вкупно 1.331 лица. Од нив 86 отсто се на возраст од над 70 години. Една третина од лицата кои се на интензивна нега се помлади од 60 години, додека 59 отсто се на возраст од 60 до 80 години.

Во наредните денови владата ќе соопшти до кога ќе важат мерките за забрана за движење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.