Нови 3.000 корпи за селекција на куќниот отпад во Прилеп

ЈКП „Комуналец“, во соработка со локалната самоуправа продолжува со проектот за селекција на отпадот во домаќинствата, односно куќната селекција на отпад.

За таа цел оваа година набавени се 3.000 корпи за домаќинства.

Селекцијата на отпад се потврди како правилен модел за управување со отпадот и послужи како пример и во други општини во Македонија, посочи градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

IMG_1010

Целта на проектот, беше едукација на граѓаните за правилно третирање на животната средина и отпадот, со што се постигнаа врвни резултати во селкцијата на отпад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.