Нови 33 позитивни случаи во Штип

Нови 33 позитивни на Ковид 19 регистрира во изминатите 24 часа ИЈЗ. Со ова вкупната бројка на активни случаи во општините Штип и Карбинци се искачи на 169. Само 25 лица се хоспитализирани на инфективното одделение и се со лесна и средно тешка клиничка слика.

Само 5 се на кислородна поддршка и овие 5 пациенти се фибрицираат, значи покачуваат телесна температура и ја имаат таа средна клиничка слика на билатернална бронхо пневмонија. Еден од овие 5 пациенти е на возраст од 86 години и тој е во малку потешка општа состојба –изјави Д-р Сашко Николов, Клиничка болница Штип.

Останатите 20 пациенти повремено качуваат температура, но се во многу подобра здравствена состојба. Големиот број на позитивни случаи е резултат на масовното тестирање на над 850 текстилни работнички и членови на нивните семејства и повеќето или 145 се асимптоматски случаи или само носители на вирусот.

Секој оној кој што има симптоми мора да пријави и д аостане дома. Во ниту еден случај не смее да биде вратен на работа- изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Во моментот 7 конфекции се затворени. Има информации дека и некои други конфекционери ги ослободиле вработените за да го искористат остатокот од годишниот одмор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.