Нови 41 заболени од Ковид-19 во земјава и двајца починати пациенти

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 37 оздравени пациенти. Од нив двајца пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на Институтот на починати од Ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија, информира Министерството.

Во изминатите 24 часа, биле направени 728 тестирања, а потврден е 41 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1.

Со ова вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367. По градови: Скопје – 468, Куманово – 363, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –139, Тетово – 73, Струга – 62, Велес – 63, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -4, Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 1, Валандово -1 и Виница – 1.

Од Министерството за задравство информираат дека биле направени 728 теста  и тоа преку: ИЈЗ –523, Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –97, Систина со PCR метода – 20 и МАНУ -4 . Досега во земјата се направени вкупно 14.758 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени четири пациенти, а хоспитализирани вкупно 60. На кислородна поддршка се 25, а на механичка вентилација се пет пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 37. Со потешка клиничка слика се пет, а на респираторна машина се осум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат шест пациенти, еден пациент е во тешка општа состојба, 11 пациенти се следат домашно лекување. Во Штип се хоспитализирани двајца, а на домашно лекување се следат уште девет пациенти, информираат од Министерството за здравство.