Нови 46 случаи со ковид-19, вкупно 663

399

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во:

Скопје – 273
Куманово – 143
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп –46
Тетово – 30
Струга – 30
Велес – 18
Битола –8
Охрид –3
Кавадарци – 3
Гостивар –4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ – 194, преку Ветеринарен факултет – 8, Авицена – 19 , Биотек – 24 и Клиника Жан Митрев – 96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на ковид-19.

Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.