Нови 779 случаи на Ковид-19, починале 4 лица

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.613 тестови, а се регистрирани нови 779 случаи на Ковид-19. Од нив, 173 се реинфекции.

Најголем број на нови случаи има во Скопје – 345, по што следат: Битола – 61, Куманово – 45, Прилеп – 39, Кавадарци – 38, Велес – 32, Струмица – 25, Тетово – 24, Охрид и Кичево – по 23, Штип – 21, Струга, Гевгелија и Неготино – по 14, Ресен и Радовиш – по 8, Гостивар и Крива Паланка – по 7, Демир Хисар – 5, Кочани, Свети Николе и Валандово – по 4, Дебар и Македонски Брод – по 3, Пробиштип и Крушево – по 2, Делчево, Берово, Виница и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 од Прилеп (80г и 89г) и по едно лице од Скопје (68г) и од Велес (83г). Сите се починати во болнички услови.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 477 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353, а на активни случаи во моментов изнесува 4.136.