Нови 832 жртви на коронавирусот а вкупно 5.700 во Шпанија, се замрзнува економијата

Шпанија од недела ќе ги сопре сите стопански и економски активности, освен неопходните во обидот да го сузбие ширењето на коронавирусот во замјата, кој само во саботата беше причина за смртта на 832 лица, или вкупно 5.700, најави во саботата премиерот Педро Санчез.

Од утре во функција ќе останат само здравствените служби, полицијата, противпожарната служба, медиумите, продавниците со храна, аптеките, киосците, бензинските црпки и банките.

„Сите вработени во активностите кои не се клучни ќе мора следните две седмици да останат дома. Во текот на овој период нормално ќе примаат плата. Кога ќе заврши оваа вонредна состојба, тоа ќе биде надоместено во договор со работодавачите. Ќе работат дневно по половина час повеќе, еден час, преку викенд…. до 31-ви декември“, појасни премиерот Педро Санчез на прес-конференција.

Меѓу дозволените активности ќе бидат оние во производството на храна, дистрибуцијата на електрична енергија и на гасот.

Мерката во недела треба да ја потврди владата на вонредна седница, а на сила ќе стапи од понеделник 30-ти март и ќе трае до 9-ти април во текот на католичките Божикни празници.

„Нашата цел е дополнително да го намалиме движењето на населнието. Тое се извонредно тешки мерки, меѓутоа општеството е подготвено за нив“, додаде Санчез.

Околу 47 милиони жители на Шпанија од 14-ти март се во своите домови, а досега смееја да одат на работа – покрај излегувањето за набавки на неопходните продукти, во аптека или во болница или за шетање на домашните миленици – што сега ќе биде запрено.

Одлуката е донесена на најтешкиот ден од избувнувањето на здравствената криза во Шпанија, бедејќи во земјата само во еден ден починаа 832 лица. Бројот на вкупно досега починатите се искачи на 5.690 лица, со што Шпанија стана втората земја на светот според бројот на починатите, зад Италија којашто брои досега 9.134 жртви на коронавирусот.

Во Шпанија во саботата бројот на новозаболените се искачи за 13 отсто во однос на претходниот ден, на вкупно 72.250 луѓе. Од нив, од болеста оздравеле 12.285 лица. Со ова, Шпанија е четвртата земја на светот според бројот на заболените, по Италија, САД и Кина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.