Нови 88 случаи на Ковид-19, шестмина починати

Осумдесет и осум случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани изминатите 24 часа, шест лица починаа, а 113 се оздравени.

Направени се 1507 тестирања, а од новорегистрираните случаи 23 се во Скопје, по што следуваат Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 113 оздравени пациенти: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56 и 75), пациент од Куманово (91), пациент од Гостивар (64), пациент од Тетово (82) и пациент од Штип (58). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289,  бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.